ЕХФ потврди: Вардар ќе игра во Лигата на шампионите!

И претходно во медиумите имаше информација дека Вардар ќе добие вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите, а ЕХФ денеска тоа и официјално го потврди.

Европската ракометна куќа ги потврди учесниците за наредната сезона, еден од нив е и Вардар.

Место во Лигата на шампионите доби и Партизан кој има амбициозен проект на чело со Раул Гонзалез.

Ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите ќе се одржи на 26 јуни од 11 часот.