Вардар на оригинален начин го најави враќањето во ЛШ, во главна улога - Мечка! (ВИДЕО)

По четири години пауза Вардар се врати во ракометната Лига на шампиони, црвено-црните повторно се во елитното натпреварување откако ЕХФ го прифати барањето за вајлд-карта на македонскиот првак.

Вардар на социјалните мрежи на оригинален начин го најави враќањето во Лигата на шампионите.

Главен актер е пикерот, Милан Лазаревски - Мечка. Тој додека го планираше одморот, доби повик од тренерот, Иван Чупиќ кој му соопшти дека Вардар ќе игра во Лигата на шампионите и дека нема одмор. Подготовките треба да почнат.