„Роналдо ќе ги замолчи критичарите, можеби ќе даде хет-трик против Узбекистан“
Во првото коло од Светското првенство, Португалија одигра 1-1 против ДР Конго, а најголемиот дел од критиките отидоа на адреса на Кристијано Роналдо кој речиси не направи ништо.
Малкумина застанаа во одбрана на Роналдо, а еден од нив е Мајкл Овен кој во колумна за „Дејли Мејл“ го кажа своето мислење.
„На Роналдо сигурно не му помогна тоа што Меси постигна хет-трик претходната вечер, но не ги прифаќам критиките. Никогаш не бил играч кој многу учествува во играта, особено последниве години. Но, тој е тука за одлучувачките моменти. Ако не постигнува голови, најлесно е да се обвини Роналдо. На 41 година е нормално да се преиспитува“, вели Овен.
„Колку пати веќе видовме ваква ситуација, за тој во следниот натпревар да ги замолчи сите критичари? Не би се изненадил ако одговори со сопствен хет-трик против Узбекистан“.