Нова сензација на Зеленортските Острови, Египет го надигра Нов Зеланд (ВИДЕО)
Зеленортските острови го шокираа Уругвај по само 21 минута, кога Ленини погоди за водство од 1-0, но потоа нивниот ривал во завршницата од полувремето погоди преку Араухо и Канобио за целосен пресврт (2-1).
Варела ја врати неизвесноста со неговиот погодок за 2-2 во 61. минута, по што Уругвај постигна и трет гол, но истиот беше поништен поради офсајд од ВАР-технологијата.
Нов Зеланд прв постигна гол против Египет за водство од 1-0 во 15. минута, а тоа ги налути „фараоните“ кои во вториот дел преку Зико, Салах и Трезеге режираа голем пресврт (3-1).
Фото: Federação Cabo-verdiana de Futebol