Ведрана Тунески освои златен медал на Г1 Сараево Опен

Македонската таеквондистка Ведрана Тунески оствари четири победи на турнирот Г1 Сараево Опен и го освои златниот медал во конкуренција на кадети до 51 кг.

Тунески беше слободна во првото коло, по што во следното славеше со 2-0 против Зејнеп Доргу од Турција, додека во четвртфинале славеше со 2-0 над Арина Ткачева од Русија

Нашата таеквондистка продолжи во одличен ритам и полуфиналето ја совлада Далиа Сивиќ од БиХ, а во финалето славеше со 2-0 над Ксенија Гушева од Русија.

Фото: Македонска Tаеквондо Федерација, Macedonian Тaekwondo Federation WT