Подмладената Македонија загуби од Бугарија на контролката во Самоков
Репрезентацијата на Македонија, која настапи во некомплетен и подмладен состав, даваше отпор во првата четвртина, но истата ѝ припадна на Бугарија со 28-20, додека водството на нашиот источен сосед продолжи да расте и до полувремето (50-37).
Бугарија ја контролираше играта и во второто полувреме, па така ја доби третата четвртина со 25-16, додека во последната стигна до триумф од 97-68.
Најефикасен во македонскиот тим беше Виктор Ефремовски со 13 поени, три асистенции и два скокови, додека Виктор Ташовски го заврши мечот со 12 поени, три асистенции и три скокови.
Македонија во јули ќе ги одигра последните два меча од претквалификациите за ЕП 2029, и тоа против Ирска на 2 јули во Скопје и против Луксембург на 5 јули на гости.
Фото: КФМ