Шпанија ја прегази С. Арабија за прв триумф на СП 2026 (ВИДЕО)
Фудбалерите на Шпанија тргнаа жестоко во натпреварот, па само по 10 минути Ламин Јамал погоди за водство од 1-0, а до крајот на првото полувреме два пати погоди Микел Ојарзабал (3-0).
Саудиска Арабија си постигна автогол во 49. минута преку Хасан Ал Тамбакти, додека во завршницата од мечот Шпанија погоди и петти пат преку Феран Торес, но голот беше поништен поради офсајд.
Шпанија со оваа победа скокна до првото место во групата Х и има четири бодови, додека по еден поен имаат Уругвај, Саудиска Арабија и Зеленортските Острови.
Фото: X/Selección Española Masculina de Fútbol