Обрадовиќ во Панатинаикос носи една од најголемите српски ѕвезди

Новиот тренер на Панатинаикос, Жељко Обрадовиќ наводно го повикал српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ да му се приклучи во грчкиот тим.

Грчките медиуми пишуваат дека капитенот на српската репрезентација бил подготвен следната сезона да игра за Панатинаикос.

„Обрадовиќ го имаше првиот разговор со Богдановиќ, тие двајца имаат одличен однос. Богдановиќ му кажал на Обрадовиќ дека Лос Анџелес Клиперс го известиле дека ќе го отпуштат на крајот на јуни“, пишува грчкиот портал „Спорт24“.

Фото: Facebook/Panathinaikos BC