УЕФА донесе важна одлука за спорно правило од СП 2026

Европската фудбалска федерација (УЕФА) потврди дека во своите натпреварувања, меѓу кои е Лигата на шампиони (ЛШ), но и Европското првенство (ЕП) во 2028 година нема да воведе задолжителни паузи за хидратација по примерот на ФИФА.

Одлуката е донесена по негативните реакции од страна на навивачите за време на Светското првенство (СП), каде што се применува ова правило.

Идејата за паузи околу 22. и 67. минута пристигна поради високите температури за време на летните месеци, меѓутоа ФИФА реши да го применува на секој натпревар без разлика каква е температурата, а тоа предизвика негодување кај навивачите.

Фото: Facebook/U.S. Soccer