Ојарзабал за само 25 минути против С. Арабија се запиша во историјата!

Ѕвездата на Шпанија, Микел Ојарзабал на најдобар можен начин се „искупи“ за катастрофалниот настап во првото коло, откако против Саудиска Арабија постигна два гола и една асистенција.

Ојарзабал му асистираше на Јамал за голот за водство од 1-0, по што постигна уште два погодоци за предност од 3-0 во 25. минута, со што се запиша во историјата.

Шпанецот стана втор фудбалер во историјата кој учествувал во три голови во почетните 25 минути на натпревар од Мундијал.

 

Фото: Selección Española de Fútbol (SeFutbol)