
И на Меси не му се оди во пензија, потпишува нов договор со Интер Мајами!
Неодамна излезе информацијата дека Кристијано Роналдо ќе потпише нов договор со Ал Наср, а денеска се појави веста дека истото ќе го направи и Лео Меси со Интер Мајами.
Актуелниот договор на Меси со Интер Мајами истекува по крајот на сезоната во МЛС, односно во декември оваа година.
Наскоро треба да биде соопштено дека Меси ставил потпис на нов договор со американскиот клуб.