Ана Ивановиќ се враќа на терените, ќе игра меч во Женева!

Поранешната прва тенисерка во светот, Ана Ивановиќ ќе се врати на теренот, иако замина во пензија пред неколку години.

Ивановиќ се очекува да одигра егзибициски меч за време на турнирот во Женева од серијата 250, а информацијата ја објави новинарот Хозе Моргадо.

Нејзина противничка се очекува да биде поранешната тенисерка Мартина Хингис.

Фото: EPA PHOTO