
ФА одлучи: Трансродовите жени ќе може да играат фудбал во женска конкуренција
Фудбалската асоцијација на Англија ги објави и дополителните критериуми кои мораат да ги исполнуваат трансродовите жени за да играат фудбал во женска конкуренција. Според новите критериуми нивото на тестостерон мора да е намалено, а фудбалрките ќе треба да поминат и период на следење кога ќе е врши проценка дали претставуваат ризик за девојките и самото натпреварување.
ФА нагласи дека тие ќе имаат единствена моќ да одлучуваат за ова прашање и дека за секој случај ќе се одлучува посебно.
Во Англија рагби и хокеј можат да играат само трансродовите жени кои не поминале низ машки пубертет.
Според информациите во Англија 20 трансродови фудбалерки играат на аматерско ниво во целата земја.