
Вилијамс си го кажал условот - сака плата колку најдобрите во Арсенал!
Најчесто во медиумите со Вилијамс во овој период се поврзува екипата на Арсенал, но на лондонскиот клуб нема да му биде лесно да го доведе.
Наводно, Вилијамс побарал висока плата од 15 милиони евра годишно, колку што во Арсенал заработуваат најважните фудбалери на овој тим: Одегард, Рајс, Сака и Хаверц.
Од друга страна Билбао за неговите услуги бара оштета од околу 60 милион и евра, но сигурно е дека Арсенал со него дополнително би добил на квалитет во офанзивниот дел.
Арсенал и сезонава најверојатно ќе остане без титулата во Премиер лигата и Вилијамс би можел да биде едно од клучните засилувања за наредната сезона.