
„Во Баерн Минхен нема место за циркузанти како Нејмар!“
Ѕвездата на Светското првенство од 1990 година и на Баерн го критикуваше Бразилецот, откако беше запрашан дали таков фудбалер би му одговарал на германскиот клуб.
„Во Баерн не сакаме циркузанти. Нејмар има превисоко мислење за себе и тоа сум го забележал многу пати. Тој е еден од најдобрите во светот и затоа заработуваше многу во клуботие каде што настапуваше. Но, Баерн е семејство во кое внимаваме едни на други. Имам чувсво дека секогаш Нејмар внимава повеќе на себе, отколку на клубот за кој настапува“, изјави Матеус за „ЕСПН“.
Нејмар во јануари оваа година се врати во Сантос каде што ја започна кариерата, а претходно настапуваше во Барселона, ПСЖ и саудискиот Ал Хилал.Дресот на Бразил го носеше на 128 натпревари во кои постигна рекордни 79 голови оставајќи го зад себе славниот Пеле со 77.