
Вардар останува без крило: Срдановиќ пред враќање во Србија?!
Најавите од соседството се дека Срдановиќ би можел да го засили тимот на Војводина кој остана без Ахмед Сеса кој направи трансфер во Бундеслигата во тимот на Вецлар предводен од Момир Илиќ.
Токму на негово место во тимот се најавува крилото на Вардар. Срдановиќ дресот на Вардар го носи веќе втора сезона и е еден од најистакнатите во тимот, додека претходно беше дел од Металопластика Шабац.
Во актуелната сезона во која Вардар настапуваше и во Лигата на Европа на ЕХФ, Срдановиќ за црвено-црните постигна 21 гол во европските натпревари.