УЕФА донесе одлука: Нема суспензија за Рудигер и останатите (ВИДЕО)

Реал Мадрид ја дозна одлуката на дисциплинскиот одбор на УЕФА во врска со истрагата отворена поради однесувањето на Винисиус, Мбапе, Себаљос и Рудигер по натпреварот со Атлетико Мадрид.

Се најавуваше дека Рудигер кој гестикулираше „сечење глави“ кон навивачите на Атлетико може да добие суспензија, но тој како и останатите тројца ќе поминат само со парична казна.

УЕФА проценила дека во односот на фудбалерите на „кралевите“ немало доволно елементи за да бидат суспендирани и на еден натпревар.

Реал Мадрид во најелитното европско натпреварување го очекува натпревар против Арсенал во рамките од четвртфиналето.

Првиот натпревар се игра во Лондон во вторник од 21:00 часот.