
Јувентус има нова желба: Тргнува по напаѓачот на Манчестер јунајтед
Јувентус наводно веќе ги започнал првите разговори и желбата на „старата дама“ е се да заврши пред 14 јуни кога започнува турнирот во САД.
Најавите на торинскот „Тутоспорт“ се дека Јувентус ќе се раздели со Аркадиуш Милик и раководството во Хојлунд гледа одлично решение.
Исто така неизвесна е иднината на Рендал Коло Муани на кого му истекува позиција и засега не е познато каква ќе биде одлуката на клубот од Торино. Французинот одлично ја започна својата епизода во Јувентус, но потоа застана.
Покрај Хојлунд кој пред доаѓањето во Манчестер јунајтед настапувааше во Серија А во дресот на Аталанта, Јувентус ги разгледувал и опциите за ангажман на Адемола Лукман и Виктор Осимен.