Филис го намачи Алкараз: Шпанецот по голема борба до полуфинале во Монте Карло

По еден фантастичен меч и голема борба Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на турнирот во Монте Карло.

Влезе Алкараз како фаворит во мечот против Артур Филис, но на теренот работите не одеа лесно за Шпанецот кој на крајот славеше со 2-1 во сетови по повеќе од два ипол часа борба.

Алкараз по првиот изгубен лесно можеше и да го загуби мечот, меѓутоа успеваше да спаси три брејки топки и така се врати и обезбеди трет сет.

Третиот сет донесе слична слика како и во вториот. Филис поведе со 1-3 и тоа како да го разбуди Алкараз кој започна да игра како и што се очекува од него, па неговиот противник немаше решение.

Шпанскиот ас ги освои наредните пет гема и така дојде до место помеѓу најдобрите четири тенисери на турнирот.

ФОТО: ЕPA PHOTO