Де Брујне ја доби првата официјална понуда од МЛС-лигата (ФОТО)

Белгискиот репрезентативец Кевин Де Брујне на крајот на сезоната го напушта Манчестер сити, а новинарот Фабрицио Романо откри дека веќе пристигнала првата официјална понуда на негова адреса.

Де Брујне добил понуда од МЛС-лигата, односно од екипата Чикаго.  Раководството на тимот му понудил повеќегодишна соработка и висока плата.

Англиските медиуми пишуваат дека Де Брујне нема да брза со конечната одлука, затоа што за него интерес покажаа и други тимови од МЛС-лигата, но и Саудиска Арабија.