Младинците на Пелистер ќе се борат против Веспрем за финале во ЛШ

Младите ракометари на Пелистер денеска триумфираа против Динамо Букурешт и изборија историски настап на завршниот турнир во младинската Лига на шампиони (ЛШ).

Пелистер славеше против Кјелце и Динамо Букурешт во квалификацискиот турнир, а сега го чека битка против Веспрем за место во големото финале на ЛШ.

Победникот од мечот меѓу Пелистер и Веспрем ќе се соочи против подобриот од дуелот меѓу Барселона и ГОГ.

Завршниот турнир во младинската ЛШ е закажан за период меѓу 14 и 15 јуни во Келн.