Чеферин категоричен за Суперлигата: Нема што да се зборува!

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин истакна дека промената на системот кој сега во првиот дел од сезоната во европските натпреварувања е лигашки донел поголема возбуда и промената ја оцени како одлична.

Во првиот дел во сите три европски натпреварувања сите екипи беа во иста група и секој клуб одигра по осум натпревари, директен пласман во осминафиналето обезбедуваа првите осум, а од 8. до 16. место се играше плеј-оф.

„Сите се среќни со новиот систем, освен критичарите кои секогаш се тука. Ги направивме сите натпреварувања поинтересни. Последниот ден од групната фаза во Лигата на шампионите беше фантастичен, но успех имаме и во Лигата на Европа и Конференциската лига. Новиот еднокружен систем е успех за сите. Дали сите имаа прилика да се борат? Да секако“, изјави Чеферин.

Чеферин доби прашање и за Суперлигата на кое даде јасен одговор.

„Не постои, тука е ставена точка, нема што да се зборува“, искоментира Словенецот.