Куманово поради националистичко скандирање во плејофот ќе игра без публика!

Екипата на Куманово се соочува со огромни проблеми во пресрет на плејофот од кошаркарското првенство, во кој во најголем дел од домашните средби ќе мора да играат без публика поради казната што ја добија поради националистичкото скандирање на дуелот против Чаир 2030 минатиот викенд.

Кумановци се казнети со два меча настап пред празни трибините, поради тоа што судиите трипати морале да ја опоменуваат публиката да не навредува на националистичка основа. Првите два вакви инциденти се случиле за време на загревањето, а третиот пред крајот на втората четвртина, кога судиите решиле да ја прекинат средбата и да ги избркаат домашните навивачи од салата. Прекинот траел 40 минути, во кој членовите на навивачката група на Куманово биле отстранети, заедно со дел од останатите присутни, по што средбата се доиграла. Поради ова, кумановци пресметките од четвртфиналето од плејофот сигурно ќе ги играат без помош од трибините, а во зависност од крајниот пласман и противникот, теоретски може да се случи и првата средба од евентуалното полуфинале да ја одиграат без навивачи.

Поради овој инцидент, управата на Куманово е казнета и парично со износ од 32.000 денари.