Тепачка во Марсеј: Грчки и француски хулигани се гаѓаа со шишиња и столчиња (ВИДЕО)

Вечерва се игра мечот меѓу Олимпик Марсеј и ПАОК, а претходно беа забележани неколку тепачки меѓу навивачите на двете екипи во францускиот град.

Голем број навивачи од Солун заминаа во Марсеј, каде што се пресметаа со нивните ривали од Франција, при што се користеа стаклени шишиња, столчиња и останати предмети, а мораше да интервенира и полицијата.