Сплитска Торцида, најверната навивачка група на Хајдук, слави денеска 70 години од своето формирање, а синоќа точно на полноќ на јубилејниот роденден направи спектакл на небото над Сплит кое ќе се памети и ќе се прераскажува.

Спектакл е премал збор, за шоуто на Торцида, која со неверојатна количина на пиротехника буквално го запали небото. Не можеше да се доброи колку сигнални ракети лебдеа во воздухот, а колкава количина на огномет беше испукана над градот, колку факели навивачите запалија точно на полноќ за да го одбележат својот голем јубилеј.

Торцида е формирана на 28 октомври 1950 година и е најстарата навивачка група во Европа, а синоќа уште еднаш докажаа зошто важат за една од најголемите групи во навивачкиот свет.