Поранешен фудбалер на Интер фатен во швалерација и брутално – претепан (ВИДЕО)

На социјалните мрежи деновиве може да се види видео на кое се наоѓа поранешниот фудбалер на Интер, Јан Карамо (23 години), како моли и плаче за својот живот по добиениот ќотек, откако бил фатен на дело во швалерација.

Тој беше жртва на љуборното момче на девојката кај која беше „уловен“, по што беше претепан, па мораше во болница со скршена јагодична коска, фрактура на синусите и модринки по целото лице. Насилникот го снимал Карамо откако го истепал, за да го посрамоти во јавноста бидејќи е во солзи и буквално на колена. За ова, тој добил две години затвор поради насилство и закани со оружје.

„Имаше нож во едната рака, а мене ме удираше со другата. Имам семејство и гордост и ова никогаш нема да го заборавам“, изјави фудбалерот.

Карамо кариерата ја почна во Кан, а во 2017 година како голем талент се пресели во Интер, каде што не ги исполни очекувањата. Следуваа позајмици во Бордо и Парма, со која потоа потпиша договор, а минатата сезона ја мина исто така на заем и тоа во турскиот тим Карагумрук, за кој неодамна потпиша Андреа Пирло.