Паника во Валенсија: Четири навивачи се заразиле со коронавирус на гостувањето кај Аталанта?

Коронавирусот брзо се шири низ светот, па предизвика голема паника, а ниту светот на спортот не остана имун на него, па поради тоа многу натпревари ќе се играат без публика, додека од Шпанија пристигнуваат неочекувани вести.

Шпанците објавија дека четири навивачи на Валенсија се заразиле со коронавирусот на гостувањето во Италија, односно кај Аталанта, но таа информација засега не е потвдена.

„Мора да се разговара со нив за да се потврди колку дена биле во Милано, кога и како се појавиле симптомите и според тоа ќе процениме дали ќе ги тестираме“, соопштија од Шпанија.