Невиден мајстор: Скопјанец успеа да го погоди пресвртот на Вардар (ФОТО)

Вардар во епски меч со неверојатен пресврт ја победи Барселона вчера во полуфиналето во Лигата на шампионите и закажа финале со Веспрем попладнево во „Ланксенс Арена“ во Келн, а еден скопјанец успеа и да заработи од големата победа на црвено-црните.

Дали е мајстор или среќлија е небитно, ама дечково успеа да погоди пресврт, што е тешко замисливо засекој страствен овбложувач. Се обложил дека Вардар ќе победи со пресврт, обложувачки кажано „од кец во два“ и – погоди.

Нема сомнение дека многу навивачи на Вардар вчера уплатиле на победа на Вардар, ама ретко дека некој се обидел да „предвиди“ дека Барселона ќе води на полувреме, па на крај ќе слави Вардар. А, погодокот е уште поголем, зашто Каталонците имаа плус седум на паузата и загубија во неверојатен пресврт во последната третина од мечот.