Неверојатно бизарен автогол на дуелот помеѓу Чарлтон и Сандерленд (ВИДЕО)

Наби Сар од Чарлтон си постигна неверојатен автогол на дуелот против Сандерленд во плејофот за пласман во Чемпионшип дивизијата во Англија. 

Дефанзивецот се обиде да му ја врати топката на својот голман, кој исто така беше невнимателен и таа заврши во мрежата. 

За среќа на двајцата креатори на автоголот, Чарлтон успеа да направи пресверт и да победи со 2-1 за пласман ранг погоре.