Навивачите „прснаа“ од смеење: Џака се појави со својот „ѕвер“ (ФОТО)

Арсенал вчера не успеа да ја прекина серијата без победа, откако на гости против Норвич одиграа 2-2. Јасно е дека лондонскиот клуб поминува турбулентен период откако отказ доби тренерот Унај Емери.

Сепак, навивачите ги насмеа возилото со кое се појави Гранит Џака на тренинг. Швајцарскиот репрезентативец дојде на тренинг со скромен автомобил „Смарт“, кој чини 9.000 фунти, додека покрај него се паркираше Пјер Емерик Обамејанг со Ламборгинито од 300.000 евра.