На штрајкот во ФИАТ, поради Роналдо се одзвале само - пет работници!

Најавениот штрајк на работниците во ФИАТ, поради одлуката на нивната компанија да го субвенционира трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус – неуспеа.

Претставниците на синдикатот жестоко се побунија и најавија штрајк во познатиот произведувач на автомобили. Меѓутоа, буната не успеа. Само пет работници во Мелфи, на југот на Италија, каде што е фабриката на ФИАТ, одбивале да ги извршуваат своите обврски и излегле да штрајкуваат.

Од ФИАТ се огласија со соопштение.

„Станува збор за 0,3 отсто од вработените. Значи, штрајкот го организираа луѓе на кои важни им се само личните интереси“, пишува во соопштението.

Роналдо стана најскапиот фудбалер во историјата на Серија А, со плата од 30 милииони евра годишно, а ФИАТ се заложи дека ќе обезбедува дел од таа сума.