Момче призна дека монструозно убил италијански судија и неговата девојка!

Синоќа беше уапсено лицето за кое се сомнева дека го убило италијанскиот судија Даниеле де Сантис и неговата вереничка, а неколку часа подоцна тој го признал монструозниот чин.

Судијата во Серија Б бил убиен минатата недела заедно со неговата вереничка во својот дом, а сведоците тврдат дека виделе маж како бега од местото на злосторството со маска на лицето.

Полицијата го бараше убиецот на судијата, а синоќа конечно го упаси Антонио де Марко, 21-годишно момче, кој кажа дека мотив за делото му била одмазда.

„Желбата за одмазда е неминовна. Вистина е дека таа не го решава проблемот, но неколку моменти чувствувате задоволство“, напишал младиот студент неодамна на Фејсбук, кога веќе бил подготвен за својот болен потег.