Излезе од болница во гипс за да се радува на победата на Вардар! (ФОТО)

Вардар е македонска гордост за која дури човек и од болница ќе излезе само за да се израдува на нов успех на црвено-црните, а такво нешто се случи денеска откако ракометарите со епски пресврт стигнаа до финале на фајнлфорот во Барселона.

Вардарецов има гипс на нога, ама тоа не го спречи за да се израдува на големата победа и на новото финале. Зарем треба да чуди такво нешто, кога мотото на црвено-црните веќе со години и децении е – еден живот, една љубов!

Вардар веќе подолг период е во тешка ситуација, во криза, со неизвесна иднина, ама овое потези само покажуваат дека овој Вардар ќе трае и тоа баш поради ваквата љубов кон клубот.