Инфлуенсер планирал да ограби премиерлигашки клуб за – 100 милиони фунти!?

Инфлуенсер на ултрапопуларната социјална мрежа Инстаграм, Рамон Абас попознат како Хушпупи е уапсен во Емиратите и екстрадиран во САД поради завера и перење пари во кривичната пријава во која му била разоткриена и шема како да ограби неименуван премиерлигашкки клуб за цели – сто милиони фунти.

Нигериецот, кој имал 2,4 милиони следбеници и живеел во Дубаи, а станал познат после објави за луксузни автомобили и ултралуксузни хотели, сега дал исказ во Чикаго пред федералниот суд, а се очекува да му се суди во Лос Анџелес, каде ќе биде преместен.

Уапсен е за завера и обид за перење пари во шема со лажни имејлови и други измами во кои цел им бил премиерлигашки клуб, една американска адвокатска компанија, како и една странска банка.

Во шемата тие преку лажни мејлови требало да извлекуваат пари и потоа да ги траснефираат на друго место. Станува збор за БЕК-шеми (бизнис имејл компромајз), што е практично невидлив клон на нормална имејл адреса, со многу мала промена и незабележлива за обичен граѓанин, преку која се извлекуваат пари на други сметки и се измамуваат клиенти.

„Овие БЕК-шеми се најтежок сајбер-криминал и во него се инволвирани цели групи, тоа е координирана акција во која луѓето имаат искуство во компјутерско хакирање, а целна група е меѓународниот финансиски систем. Целата операција е затскриена преку т.н. двоен живот, од една страна сте познат и угледен и живеете на едно место, а од друга страна работите во координирана организација затскриен зад некој псевдоним со цел преку криминална активност да се стигне до милионска заработка“, јавниот обвинител во САД, Ник Хана.

Абас сега се соочува со 20 години затвор ако се докаже неговото учество во заверата за измама и перење пари.