И тоа го има: Фудбалер уапсен, бил терорист на озлогласениот ИСИС

Во фудбалот очигледно има сѐ и сешто, па и фудбалери-терористи. Еден таков е уапсен во акција против озлогласената терористичка организација ИСИС, чиј член бил, а играл напаѓач во локален клуб Карбат од Ербил во Ирак.

Во ирачкиот дел на Курдистан, имало акција за разбивање на терористичка ќелија на ИСИС, а еден од уапсените е фудбалерот Фирас Хасан, кој во клубот Карбат дошол уште пред 11 години, во 2010 година.

Хасан бил единствениот арапски фудбалер во клубот, а тој има уште тројца браќа кои исто така биле дел од терористичката организација, а двајца од нив загинале во борбите за Мосул.

Фудбалерот-терорист пред четири недели се јавил во клубот дека е повреден и тоа е последниот контакт и оттогаш не се појавувал во клубот, а најверојатно се подготвувал за бомбашки напад во Ербил.

Разузнавачките податоци доставиле докази за можни терористички напади, па регионалниот безбедносен совет одобрил рација за да се разбие оваа група и фудбалерот е фатен на лице место со уште неколкумина.

Инаку тој од фудбалот заработувал месечно 200.000 ирачки динари или 115 евра.