Анчелоти и Тухел ги избраа воините за спектаклот во Мадрид (ФОТО)

Вечерва од 21 часот се игра второто полуфинале меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен (2-2), по што ќе биде одреден вториот финалист во Лигата на шампиони (ЛШ).

Карло Анчелоти и Томас Тухел пред спектаклот во Мадрид ги избраа воините со кои ќе настапат на теренот.

Анчелоти се реши за Лунин, Карвахал, Белингам, Начо, Винисиус, Крос, Родриго, Валверде, Чуамени, Рудигер и Менди.

Тухел ги избра Ноер, Де Лихт, Кимих, Гнабри, Сане, Кејн, Даер, Лајмер, Мазрауи, Мусиала и Павловиќ.