Горан Попов по 10 години повторно во Херенвен, фановите еуфорично го поздравија! (ВИДЕО)
Попов беше почесен гостин на Херенвен, пред првенствената средба против НЕК Најмеген, па дури го изнесоа на сред терен и имаа еден бурен поздрав со публиката.
Потоа тој објави едно видео со обраќање кон навивачите на својот поранешен клуб.
„Прекрасно е да се биде овде по 10 години. Среќно денеска, а јас повторно ќе дојдам овде, ова не ми е последен пат, ќе доаѓам често. Да победиме денеска, затоа сум овде, заедно со вас“, рече Попов.
За жал, натпреварот кој го проследи заедно со своите навивачи заврши 1-1. Toj играше во Херенвен од 2008 до 2010 година. За тој период се појави на 51 натпревар и постигна два гола.