
Фемили се врати на сцена: Аеродромци го нацртаа најголемиот графит во Европа (ФОТО+ВИДЕО)
Ремек делото се наоѓа на кејот на реката Вардар од „Вучко“ до зградата на „ПИОМ“. Графитот е долг 351 метар, а широк 2,8 метри и се простира на 1.000 метри квадратни. Графитот е текст од една од најпознатите песни на „Фемили“.
„Цел живот мој на тебе посветен, чудесен е овој свет цел е плаво бел, кога играш ти трибина лудува, нека дојде кој сака е наша порака“, пишува на графитот.
Ваквата активност на „Фемили“ може да значи и враќање на трибините во „Јане Сандански“ во новата сезона, нешто за што се зборува веќе подолго време.