Поранешен репрезентативец на Англија се откажа од ќерка си – снимала за порно сајт!

Миа Винвард-Дан (19), ќерката на поранешен англиски репрезентативец Дејвид Дан, денес остварува месечна заработка од околу 115.000 евра преку креирање содржини за платформа за возрасни, но поради таа одлука е целосно отфрлена од своето семејство.

Иако финансиски е целосно независна на само 19 години, зад нејзиниот материјален успех се крие длабока семејна и емотивна драма. Откако нејзините родители дознале со што се занимава, решиле целосно да го прекинат контактот со неа. Миа открива дека се обидела да воспостави повторна комуникација со татко ѝ, но разговорот завршил многу болно.

„Сакав повторно да се поврзам со татко ми, но во телефонскиот разговор ме нарече ку*ва. Родителите се откажаа од мене и не сакаат никаков контакт. Им кажав дека ми е жал и дека работата што ја работам не значи дека сум лоша личност“, изјави таа за британските медиуми.

Со оваа работа започнала пред една година, а во почетокот родителите не знаеле со што точно се занимава. Откако им ја признала вистината, тие целосно го прекинале односот со неа. И покрај болката и разочарувањето, Миа вели дека не се откажува од своите цели и соништа.

„Им испратив порака, се извинив и објаснив дека немав лоша намера. Ги сакам моите родители. Можеби тие не ме сакаат, но јас нив ги сакам со цело срце. Не сметам дека е исправно да се откажеш од сопственото дете поради ова. Имам 19 години и одлучив да изградам нешто свое“, порача таа.

Дејвид Дан (45) е поранешен англиски репрезентативец со еден настап за националниот тим, а најголемиот дел од кариерата го мина во Блекбурн, каде меѓу 2007 и 2015 година одигра 180 натпревари во Премиер лигата.