Брутална тепачка во НБА – братот на Јокиќ е „мало дете“ за хулиганот на Г. Стејт (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс ноќеска на домашен терен го совладаа Милвоки Бакс (120-113), но натпреварот во „Чејс Центар“ остана во сенка на брутална тепачка која изби на трибините.

За време на средбата дојде до жесток физички судир меѓу навивачите, а најагресивен беше еден симпатизер облечен во дрес на домашниот тим. На социјалните мрежи брзо се појави видео од инцидентот, на кое се гледа како хулиганот на Вориорс со низа удари го напаѓа противникот, кој се брани со рацете над главата. Српските медиуми веднаш проценија дека дури и братот на Никола Јокиќ, кој е вистински џин и кој има историја на агресивно однесување на средбите во НБА, е „мало дете“ за фанот на „воините“.

Присутните на трибините се обидоа да интервенираат и да ги раздвојат завојуваните страни, но безуспешно во прв момент. По неколку секунди, неколку лица успеаја да го совладаат насилникот, по што реагираше и обезбедувањето и го изведе од салата.