Ѕвездата на Атланта од спикерот дозна дека е трејдуван, па се поздрави со сите во арената (ВИДЕО)
Иако и во текот на вчерашниот ден имаше шпекулации дека Тре Јанг ќе биде трејдуван во Вашингтон Визардс, тоа се случи среде мечот, па суперѕвездата на Хоукс можеше лично да се поздрави со сите во тимот, како и со навивачите, пред да се упати кон главниот град на САД. Да биде почудно, информацијата дека е трејдуван ја дозна од официјалниот спикер во арената, па прво замина во соблекувална, а потоа се врати од него да ги слушне деталите.
Плејмејкерот ја почна кариерата во 2018 година кога Далас го избра на драфтот како петти пик, но веднаш го испрати во Атланта, во замена за Лука Дончиќ. За 7,5 години во Атланта, плејмејкерот стана рекордер на франшизата по бројот на асистенции (4.837) и погодени тројки (1.295) и шест стрелец во нејзиното постоење со 12.413 поени.
Во замена за својот најдобар играч, Атланта ги доби Си Џеј Мекалум и Кори Кисперт што можеби и не е добар потег за Хоукс ако се знае дека Мекалум има договор од 30,6 милиони долари што претставува пречка за ангажман на уште некоја ѕвезда, како Ентони Дејвис кој беше желба на стручниот штаб.