Фабрегас го „пецна“ Куртоа каде што го боли најмногу! (ФОТО)

Шпанскиот фудбалер Сеск Фабрегас очигледно е расположен деновиве и покрај тоа што не игра на Светското првенство во Русија иако е дел од овој голем настан како дел од коментаторскиот тим на „Би-Би-Си Спорт“.

Откако претходно се пошегува на сметка на репрезентацијата на Аргентина, кога предложи да игра пријателски натпревар против играчите кои не патуваат на Светското првенство, сега Фабрегас реши да го „пецне“ соиграчот од Челси, Тибо Куртоа.

Голманот на Белгија објави фотографија од натпреварот против Панама, на која се гледа како брани обид на противничката екипа, а Шпанецот имаше интересен коментар.

„Беше време да си ги собереш нозете“, напишал Фабрегас, по што Куртоа му одговори кратко и напиша – „копиле“.

 

First game First win! 🇧🇪 3-0 🇵🇦 #1 #redtogether

A post shared by Thibaut Courtois (@thibautcourtois) on