Додека Ливерпул го газеше Хофенхајм, еден Германец миеше заби на „Енфилд“ (ФОТО)

Ливерпул вчеравечер на реванш натпреварот од плејофот во Лигата на шампионите го прегази Хофенхајм со 4-2 и со вкупни 6-3 се пласираше во Лигата на шампионите. 

Бундеслигашот имаше поддршка од стотина навивачи на трибините, кои со гласни песни и знамиња се обидуваа да им помогнат на своите да го направат невозможното. Но, по само 20 минути Ливепрул веќе водеше со 3-0 и сонот за Лига шампиони веднаш испари.

А, додека сите останати фанови на Хофенхајм го бодреа својот тим, еден се издвои од комплетната група по тоа што ги миеше своите заби, а притоа имаше и шише вода кое го искористи за да ја измие устата.