Најголемата грешка на Пеп може да се врати на Островот и тоа - во Ливерпул!

Кога еден ден ќе се „спушти завесата“ врз ерата на Пеп Гвардиола, зад него ќе останат малку нерешени прашања и уште помалку погрешни проценки. Но, една од нив полека излегува на површина и тоа можеби како најголемата од сите Хулијан Алварез.

Фудбалерот што никогаш не требаше да си замине од „Етихад“ би можел веќе наредното лето да се врати на Островот, но не во Манчестер сити, туку на „Енфилд“. И тоа во како фудбалер кој би можел да имал голема важност во системот на Арне Слот. 

Алварез оваа сезона играше одлично во Шпанија и беше еден од клучните фудбалер на Атлетико Мадрид, обидувајќи се да го одржи тимот во живот во битката со Барселона и Реал. Но, и покрај неговите напори, тимот не стигна до врвот.

Сега, Ливерпул ја испитува ситуацијата, но сигурно дека многу работи ќе зависат од тоа колку новиот англиски шампион е подготвен да плати за Алвараз за кого сигурно ќе има и други понуди.

Во редовите на Атлетико, Алварез пристигна минатото лето во трансфер вреден 82 милиони евра.

Фото: Manchester City/FB