Македонците и следната сезона ќе може да навиваат за „своите“ од Белград - во Евролигата!

Кошаркарската Евролига од следната сезона ќе брои 20 клубови, меѓу кои ќе бида и регионалните миленици Црвена звезда и Партизан, штозначи дека ќе биде рекордна по бројот на кола — дури 38 со 10 планирани „двојни“ кола, објави преку новинарот на „Спортандо“, Алесандро Маџи.

Клучниот состанок на раководството на Евролигата, одржан во Абу Даби непосредно пред Фајнал фор турнирот, донесе значајни одлуки што ќе ја редефинираат структурата на најсилното клупско кошаркарско натпреварување во Европа. Кошаркарите што играат во Евролигата нема да можат да настапуваат за своите национални тимови во текот на сезоната, односно во ФИБА-прозорците за квалификации за Светското првенство. Оваа одлука дополнително го заострува судирот меѓу Евролигата и ФИБА.

Евролигата од наредната сезона ќе добие три нови клуба - Дубаи (Обединетите Арапски Емирати), Хапоел Тел Авив и Валенсија, која се враќа во елитното друштво. Од друга страна, Алба Берлин се повлекува од Евролигата и ќе настапува во ФИБА Лигата на шампиони. Добра вест за македонските кошаркарски вљубеници е дека и во иднина ќе може да патуваат во Белград да гледаат евролигашки дуели навивајќи за „своите“ црно-бели односно црвено-бели миленици.

Новиот состав на Евролигата ќе биде следниот: Анадолу Ефес, Монако, Басконија, Црвена звезда, Дубаи, Барселона, Баерн, Фенербахче, Хапоел Тел Авив, Асвел, Макаби Тел Авив, Милано, Олимпијакос, Панатинаикос, Париз, Партизан, Реал Мадрид, Валенсија, Виртус и Жалгирис.

ФОТО: EPA PHOTO