
Струга: Финалето на Купот не беше наместено!
По поразот од финалето во јавноста преку клупскиот сајт со соопштеие се огласи првиот човек на клубот Арбтриум Ќира.
Струга беше шампион во претходните две сезони, меѓутоа оваа врвот го препушти на Шкендија.
Во еден дел од реакцијата посебна тема за првиот човек на Струга беше финалето од Купот на Македонија.
„Чувствуваме должност да се обратиме во врска со бранoт на неодговорни коментари и цинични инсинуации што се појавија по финалето. Гласовите што сугерираат дека настапот на нашиот клуб бил диктиран од надворешни влијанија, скриени мотиви или различни заднини, не се само длабоко навредливи, туку претставуваат директен напад врз интегритетот на оваа институција. Кратко и јасно: ФК Струга не е политичка алатка. Не сме под влијание на кампањи, сојузи или задкулисни договори. И за оние што забораваат да потсетиме дека само пред шест години, ФК Струга беше ново име во Првата лига, што само по себе беше невиден успех за градот Струга“, стои во реакцијата.
Во преостанатиот дел oд соопштението тие потсетуваат на успесите во изминатите сезони и истакнуваат дека во актуелната сезона целите не биле исполнети, па поради тоа во наредниот период ќе следи анализа.