
Падна договор, Баерн Минхен доби врвен дефанзивец за беспари!
Нов дефанзивец на Баерн Минхен ќе биде германскиот репрезентативец Џонатан Та кој на Алијанц арената доаѓа како слободен играч.
Денес е постигнат договор меѓу Баерн и дефанзивецот чиј договор со Леверкузен истекува на 30. јуни.
Баер Леверкузен е информиран дека Та постигнал договор со Баерн Минхен и од наредната сезона ќе настапува за Баварците.
Леверкузен сега чека да биде исконтактиран од Баерн за да го земат Та порано со цел тој да игра и на Светското клупско првенство.
Ако Баерн сака да го има Та за ова натпреварување изгледа дека ќе треба да му плати одредено обештетување на Леверкузен.