Лудило: Сите во Неапол се на улица, се слави четвртото Скудето! (ВИДЕО)

Наполи вторпат во последните три години е шампион на Италија, вкупно четврто Скудето за овој клуб, а Наполитанците најдобро знаат да прослават.

Сите во Неапол беа на нога уште од неколку часа пред натпреварот, а по последниот судиски свиреж се случува вистинска фешта во градот.

Неапол е еден од најголемите италијански градови, а имаат само еден голем клуб, па Наполитанците живеат за Наполи.