Страшен гол на Мектоминеј за ерупција во Неапол! (ВИДЕО)

Скот Мектоминеј постигна фантастичен погодок со ножички во мечот кој живот значи за Наполи вечерва.

Наполи ако го победи Каљари ќе ја освои шампионската титула. Тимот на Конте долго време се мачеше да го отвори резултатот, а тоа конечно се случи во 42. минута кога Скот Мектоминеј даде гол со ножички за водство од 1-0.