Елмас призна, во Италија му е многу подобро отколку во Германија

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас викендов го игра последниот натпревар за Торино, а потоа ќе се решава неговата иднина.

По лошиот период во Германија, Елмас се пресели на позајмица во Торино и се препороди. Во Италија го покажа своето вистинско лице, воодушеви, но нејасно е дали ќе остане.

Во изјава за „Бетсон“, Елмас потврди дека во Италија му е многу подобро отколку во Германија.

„Се чувствувам одлично во Торино, храната е добра и животот е добар, враќањето во Италија беше прекрасно. Тука е поинаку отколку во Германија, таму се се затвора во 18 часот и нема никој надвор“, вели Елмас.

„Мојата адаптација во Торино беше брза и одлична благодарение на моите соиграчи и навистина топлите фанови, веднаш се почувствував како дома. Запознав вистински луѓе“.